Можно е осмиот преживеан да е патник со арапско потекло

by fokus

Дали осмиот патник кој ја преживеал автобуската несреќа во Бугарија е извесен 36- Шади Науф ал Салех, од Обединетите Арапски Емирати?

Оваа дилема се појави откако на денешната прес конференција на бугарското јавно обвинителство, беше кажано дека од автобусот на смртта се извлечени 44 тела, а 8 од патниците преживеале. Досега пак се мислеше дека настрадале 45 патници.

Името на Арапот Салех произлегува од списокот кој го добиле роднините на преживеаните во болницата во Софија, а тоа го тврди и синот на едниот возач, кој пак вели дека од официјалниот список кој го објави македонското МНР ова лице недостасува.

Во оваа насока оди и изјавата на обвинителката Сијка Милева.

-Во една од болничките соби разговарав со преживеано момче, на моја возраст кој го скршил стаклото од задниот прозорец и од таму се спасени лицата кои сега се во болница и му реков „Ти си херој“. Тој тврдеше дека се спасиле 8 лица. Голема загатка е каде е осмото лице кога сведокот категорично тврдеше дека се спасени 8 лица, раскажува обвинителката.

Поврзани новости