Тереза Кесовија и Макрон на заеднички ручек во Загреб

by Fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон кој денес ја започна дводневната посета на Хрватска, попладне ќе се сретне со популарната хрватска пејачка Тереза Кесовија (83).

Естрадната уметничка ја потврдила веста за планираната средба со Макрон за хрватските медиуми, појаснувајќи дека станува збор за работен ручек на кој покрај неа, ќе присуствуваат повеќе луѓе кои на некој начин ги поврзуваат Франција и Хрватска.

-Веќе подготвив неколку реченици кои планирам да му ги кажам. Тој е еден доста енергичен човек за кого сум сигурна дека ќе освои уште еден мандат и голема чест ми е што ќе имаме заеднички ручек – изјавила Кесовија за тамошните медиуми.

Инаку, во 1965 година, на 27-годишна возраст таа се преселила од Загреб во Франција, каде продолжила да ја гради својата музичка кариера и настапувала со своите шансони во париските локали.

Во 1988 година успеала да ја наполни познатата сала Олимпија во Париз, каде одржала солистички концерт. Во Хрватска има добиено низа на државни одликувања поради своето делување во областа на музиката.

Вики Клинчарова

Поврзани новости