Син на полициски командир претепа тетовец – го најдоа во дупка со скршени нозе

by irena 15:50
15:50

Дваесет и седумгодишен син на командир во Полициска станица – Тетово, вчера утрината брутално нападна 42-годишен маж кој работел во Тобако во Тетово.

Според информациите на очевидци, „напаѓачот Ф.Д. прво го удрил А.К. по глава со стаклено шише, а подоцна жртвата била пронајдена во дупка на објект во изградба со скршени нозе и тешки повреди на главата“.

Повредениот бил пренесен во Скопје, а напаѓачот е уапсен.

Информацијата ја потврдија и од СВР Тетово.

– На 15.10.2025 во 05:20 часот на крстосница од улица „Благоја Тоска“ со улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ф.Д.(27) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал А.К.(42) од Тетово. Имено, А.К. е пронајден со повреди во ископана дупка од објект во изградба и поради сериозноста на повредите е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Ф.Д. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, велат од СВР Тетово.

Слични вести