Уште една баба „падна“ на измамата со лажна сообраќајка, остана без 4.000 евра

by irena 16:01
16:01

МВР информира дека синоќа во 19:10 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена од едно лице за сума од 4.000 евра.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да не одговара кривично.

Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во изминатиот период во МВР од страна на граѓани, пријавени се повеќе кривични дела „измама“, извршени врз повозрасни лица.

Од полицијата постојано апелираат граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи.

Слични вести