Силувана жена со заостанат психички развој во Велес

by Fokus

Четириесет и осумгодишната велешанка Т.К. била силувана од непознато лице кое влегло во нејзиниот дом, вчера околу 6:30 часот, информираа од МВР.

Според полицијата, сторителот во домот влегол преку незаклучената врата, а потоа во собата во која се наоѓале Т.К. и нејзиниот татко, двајцата со заостанат психички развој, по што го извршил силувањето.

По наредба на јавен обвинител врз жената е извршен лекарски преглед, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Поврзани новости