Георгиевски ги повикува членовите на ДПМНЕ да застанат зад реформи во партијата

by fokus

ВМРО-НП, на Љубчо Георгиевски, ги повивкува членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои тврдат дека ги поддржуваат идеите на историската ВМРО, да застанат зад идејата за реформи во партијата или во следниот период својата  подршка ја дадат на ВМРО – НП. Од партијата на Георгиевски реагираат на линчот кој преку медиумите се врши врз братството на Бигорски манастир поради поддршката што овие монаси ја изразија за Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Последниве неколку дена сведоци сме на една безумна  кампања против игуменот Партениј и монашкото братство на Бигорскиот манастир, поради нивниот јасно изразен став за поддршка за дбрососедството меѓу двата  народа и држави. Во оваа валкана кампања се вклучија порталите на водечките перјаници на бившиот режим, како и „интелектуалци”, историчари и загрижени „патриоти” кои единаесет години беа на платен список на истиот тој режим што „патриотски” ја пљачкаше Македонија. Наспроти тоа, Владата на Никола Груевски со пари од македонските граѓани возобнови повеќе споменици (Зебрњак)“, велат од ВМРО-НП.

Од  таму велат дека му даваат целосна подршка на архимандритот Партениј и целото монаштво во манастирот СВ Јован Бигорски.

„ВМРО-ДПМНЕ за жал избра да оди докрај во борбата против Договорот за добрососедство со Бугарија и во таа борба не се поштедени ни свештениците . ВМРО-НП го повикува раководството на  ДПМНЕ и до нив блиските медиуми да престанат да го напаѓаат, омаловажуваат и дискредитираат братството во Св.Јован Бигорски, а пред се архимандритот отец Партениј, затоа што на овој начин не прават ништо друго освен тоа што пробуваат да го уништат столбот на Православието во Македонија“, додаваат од партијата.

Поврзани новости