Силјановска пред шест години за изборните билборди: Мамутски слики кои ме асоцираат на Северна Кореја

by fokus

Во 2013 година професорката Гордана Силјановска Давкова како член на Комисијата за изборно законодавство како претставник на ОБСЕ/ОДИХР во изјава за НОВА ТВ зборува за нејзините предлози за фер изборно рекламирање.

Тогаш таа била шокирана од големината на билбордите со ликовите на кандидатите и вели дека тоа ја асоцира на Северна Кореја.

-Деновиве човек е шокиран од слики мамутски низ градот кои мене ме асоцираат на Северна Кореја понекогаш. Тоа дури и во рекламократијата се нарекува синдром на Ким Ил Сунг.  Мислам дека е крајно време во Изборниот законик да се одредат димензиите на изборниот материјал, па ние граѓаните да си отидеме на една уличка на која во пристојни димензии ќе бидат сите кандидати на изборите, ќе има по некој збор и за партијата. Мислам дека е непристојно во една од најсиромашните земји толку пари да се фрлаат на материјал кои потоа останува цела година и нервира, сметала тогаш Силјановска.

Поврзани новости