(ВИДЕО) „Некст Тајм“ и 7.000 грла ја испеаја „Ја излези Ѓурѓо“ за збогување со ѕвездениот Вардар

by fokus 20:58
20:58

Ракометниот клуб Вардар денеска против Пик Сегед го игра последниот меч на домашен терен во овој ѕвезден состав, откако сопственикот Сергеј Самсоненко објави дека од наредната година се повлекува од европскиот шампион од 2017 година.

Салата Јане Сандански е исполнета до последното место (и нешто повеќе), а пред почетокот на натпреварот „Некст Тајм“ и околу 7.000 присутни ја испеаја „Ја излези Ѓурѓо“ за последно збогум со ракометните херои.

- Advertisements -

 

Поврзани новости