Силен земјотрес во Чиле и Аргентина

by fokus

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ги погоди Чиле и Аргентина.

Епицентарот на земјотресот бил на 155 километри од градот Копиапо во Чиле или 79 од градот Винчина во Аргентина, на длабочина од 155 километри.

Земјотресот се случил во 05:04 часот по локално време.

Засега нема информации за евентуални штети или жртви.

Поврзани новости