Ноќеска не се дишеше во Скопје, но и во Кавадарци, Струмица, Кичево, Велес, Неготино и Битола

by fokus

Изминатата ноќ Скопје повторно беше на врвот на неславната ранг листа со најзагаден воздух во светот.

Земјава пак се најде во првите десет најзагадени држави, односно на осмата позиција.

По градови, прв на листата беше Скопје, односно Општина Шуто Оризари, а потоа счедуваа Ѓорче Петров и Чаир.

Висока загаденост е регистрирана и во Кавадарци, Струмица, Кичево, Велес, Неготино и Битола.

Поврзани новости