Силен ветер преврте брод во Шкотска

by Fokus

Портпаролот на шкотската служба за брза помош изјави дека голем број луѓе се повредени откако брод делумно се превртел под агол од 45 степени во шкотското пристаниште Лит.
Неколку противпожарни возила се на терен, како и воздушна и копнена поддршка од шкотската служба за брза помош, соопшти крајбрежната стража.

Сликата објавена на Твитер покажува како големиот брод е наведнат под агол од 45 степени кон пристаништата, објави Хералд.

Полицијата во Единбург соопшти дека службите за итни случаи и полициските службеници биле на местото на несреќата, каде што бродот бил изместен од неговото лежиште во бродоградилиштето. Полицијата побара од јавноста да ја избегнува областа.

Членот на градскиот совет на Единбург, Адам Мекви, на социјалните мрежи напиша дека силниот ветер бил причина за оваа несреќа.

Поврзани новости