Сиљановска-Давкова: Не можеме нонстоп да го менуваме Уставот по барања однадвор

by irena 14:32
14:32

Македонија е кредибилен партнер на Европската Унија, одговорна, активна и кредибилна членка на НАТО и докажан фактор на стабилност во регионот, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на традиционалниот годишен прием за дипломатскиот кор, што се одржа во Охрид.

Таа порача дека е недоследно да се повикува на Копенхашките критериуми, а истовремено да се инсистира на билатерални условувања, вета и двојни стандарди, нагласувајќи дека довербата се гради преку разбирање и поддршка, а не преку уцени. Претседателката истакна дека Македонија не може постојано да го менува Уставот по барања однадвор, предупредувајќи на опасноста од перманентна неизвесност.

Сиљановска-Давкова нагласи дека проширувањето на ЕУ е тест и за кредибилитетот на самата Унија и дека интеграцијата на Западен Балкан е прашање на безбедност, стабилност и геополитичка рационалност. Таа потенцираше дека Македонија не бара посебен третман, туку фер и предвидлив процес заснован на меритократија, реформи и владеење на правото.

Во обраќањето, претседателката ја истакна и улогата на дипломатијата како клучен механизам за градење мостови и решавање конфликти, додавајќи дека верува повеќе во силата на аргументите отколку во аргументот на силата.

Слични вести