Со почеток во 11 часот, утре во Основен суд – Охрид започнува судењето против Кристијан Корабоски (31) обвинет за нападот врз Сара Ѓорѓиеска (26) во Охрид.
Овој предмет ќе го води судијата Александра Поп Стефанија.
Настанот се случи на 15 ноември годинава, околу 02:00 часот.
Од МВР информираа дека по претходна расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, пријавениот во возилото физички ја нападнал неговата девојка. Откако го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Охридското Основното јавно обвинителство (ОЈО) до Основниот суд во Охрид против Корабоски поднесе обвинение за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.
Охридскиот суд на Корабоски му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.