Околу 8-9 месеци биле потребни во обвинителската ,,мрежа” да се фати апелациониот судија Ѓоко Ристов. Мозаикот, како што на денешниот брифинг посочи предметната обвинителка Искра Хаџи Василева, не е граден од само еден наод или дојава кои првично стигнале до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, туку се собирани и анализирани повеќе информации и сознанија, кои доаѓале од различни страни.
И шефот на Организиран, Ислам Абази, посочи дека оваа истрага е резултат на соработка на повеќе надлежни институции, Обвинителството, МВР, АНБ, Управата за финансиска полиција…
-Оваа е резултат на соработка на сите институции. И на нашиот Истражен црнтар, мислам и во човечки ресурси и технологија. Од големи значење се и информациите кои беа пласирани во медиумите, рече обвинителот Абази.
Обвинителката Хаџи Василева појасни дека случајот е мнигу комплексен, но и интересен.
-Се почна од пријавени наводи за судии во Апелација. Стигнуваа повеќе информации, некој интересен разговор меѓу затвореници, оперативни сознанија… па се обидувате да филтрирате.
Кога станува збор за луѓе со влијание, ви е јасно дека секаде имаат луѓе, па некогаш и наредбата е стасана и до тие луѓе. Затоа внимавате околу тактиката, стратегијата. Внимавате какви мерки да превземете, да има помалку раце поминато, за да се задржи во тајност, појасни обвинителката.
Сепак како што прецизираше, се почнало со апсењето на адокатот Фехми Стафа.
-Контурите почнаа да се исцртуваат со апсењето на адвокатот Фехми Стафа и со наводите за Љупчо Пецов Ѓаволот, обвинет во предметот Синџир.
Стафа беше фатен со 30.000 евра, а претходно сомнежот е дека добил и 20.000 евра, кои требало да ги даде на судија, за да му биде укинат притворот на неговиит клиент, потсети обвинителката.
Таа сепак прецизираше дека дел од доказите наведуваат, но засега немаат директен доказ дека судијата Ристов ги примил токму овие пари и потоа ги сокрил.
-Има дел докази кои наведуваат, директен доказ нема дека судијата ги примил парите. Примопредавањата кај високата корупција не одат од рака на рака, туку преку повеќе посредници, појаснува Хаџи Василева.
Таа директно не откри како истражителите точно знаеле дека парите се соѕидани во зидот, податок кој важел за тајна, бидејќи ниту судијата Ристов, ниту адвокатот Фехми не биле под Посебни истражни мерки.
Но фактот што истражителите и полициските екипи по втор пат се вратиле во домот на родителите на Ристов во Неготино, говори дека добиле нови сознанија за скриени пари, бидејќи првиот пат наишле на празна бетонска дупка, или бунлер. Оттука се наметнува прашањето дека и некој друг освен судијата знаел за тајната локација, па ја разоткрил на истражните органи.
-Течеа финансиски проверки, се прибираа податоци од многу институции, и стануваше јасно дека треба да барате кеш пари. Тргнувате по парите. Беа направени претреси на неколку локации, не беа пронајдени средства. Не е воопшто лесно да барате скриени пари. Наводите беа скриени. Потоа се проба уште еднаш во домот во Неготино, на родителите. Воочлив беше дел од ѕидот со потазе цемент и плочките не се поклопувале. Различни плочки. Направија мала дупка, а таа се ширеше во десно и почнаа да паѓаат парите, истакна обвинителката, додавајќи дека до парите се дошло по пошироки разноразни оперативни сознанија.
Од Обвинителството открија и дека имало многу луѓе кои пријавувале и во формална смисла и неформална смисла.
-Иамаме и други сведоци. Се охрабруваат, а потоа цените дали се кредибилни, рече обвинителката, која заедно со шефот Абази им порачаа на граѓаните да се охрабрат и да пријават коруптивни дејствија.
Валентина Вурмо