„Зеленски се обидува да предизвика конфликт меѓу Русија и НАТО“

by irena 17:13
17:13

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидува да предизвика конфликт меѓу Русија и НАТО.

„Со своите безумни постапки, лидерот на киевската хунта намерно се обидува да предизвика директен конфликт меѓу Русија и земјите од НАТО, со цел да постигне неконтролирана ескалација на конфликтот и, на крајот, да го поткопа преговарачкиот процес за решавање на судбината на милиони луѓе“, рече Захарова на прес-конференција, пренесува РИА Новости.

Таа изјави дека приказните за подготвеност за преговори за ставање крај на конфликтот во Украина се параван за агресивен став кон Русија.

„Најновиот собир јасно покажа дека кај учесниците во овој формат нема никаков интерес за мирно решение. Тие се сè уште решени да го одолговлекуваат конфликтот за да можат и понатаму да профитираат од овој профитабилен проект за истребување на украинските граѓани. Сите муабети за подготвеност за преговори се маска за континуираното агресивно расположение кон Русија во Европа“, истакна Захарова.

Според неа, западните земји одамна ја сметаат Украина за полигон за тестирање на модерно оружје.

„Јасно е дека западните земји одамна ја гледаат Украина како полигон за тестирање на модерно оружје и примена на нови борбени стратегии“, рече Захарова.

Слични вести