ФОТО-ГАЛЕРИЈА: Скопје под снежна покривка

by irena 14:54
14:54

Скопјани утрово дочекаа  снег, кој создаде тенка снежна покривка на улиците, булеварите и во парковите низ главниот град.

Фото Томислав Георгиев

Снежната идила ги израдува најмладите, но и повозрасните граѓани, кои уживаа во свежиот зимски воздух и во долгоочекуваната зимска атмосфера што го разбистри утрото во Скопје.

Фото Томислав Георгиев

Екипите на Град Скопје, како што информираат надлежните, уште од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на сообраќајниците, при што нагласуваат дека не се изненадени од снежните врнежи.

Фото Томислав Георгиев

Покрај улиците и булеварите, службите активно ги чистат и пешачките патеки со цел непречено и безбедно движење на граѓаните.

Фото Томислав Георгиев

Останува неизвесно до кога ќе потрае зимската идила.

Фото Томислав Георгиев

Слични вести