1
Приведено е едно лице во рамките на истрагата за убиството на 38-годишниот маж од скопско Љубин кој беше пронајден со прострелна рана кај Смилковското Езеро, објави тв Телма.
За случајот на 21 ноември, беше соопштено дека мажот имал прострелна рана во пределот на ногата, а според наодите од обдукцијата, смртта настапила како последица на обилно крварење поради оштетување на голема артерија.
Во непосредна близина на телото бил пронајден неговиот автомобил „мерцедес“, во кој се наоѓал и мобилниот телефон на починатиот.