Штипјанец им креирал лажни ФБ профили на вработени во СВР Штип и така изнудил 5.400 денари

by Fokus

Министерството за внатрешни работи информира дека СВР Штип поднесе кривична пријава против С.С.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно преставување“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Информациите се дека во периодот од 03 до 08 јули годинава, пријавениот на социјалната мрежа Фејсбук креирал лажни профили, злоупотребувајќи ги личните податоци и фотографии на двајца вработени во СВР Штип, при што лажно се преставувал во нивно име.

Тој во три наврати довел во заблуда лице, изнудувајќи му 5.400 денари.

Поврзани новости