Едноставно, и најдокументираните истражувачки стории веќе нема шанси да ги разбудат контролорите на власта од преродбеничкиот сон. Максимум можете да заработите тужба за клевета и навреда.
Во такви забегани времиња, кога и стварноста наликува на пародија, најдобар издувен ветил се потсмевот, иронијата и пркосот. Затоа во најголем дел fokus.mk ќе има козериска нишка.
Секако, на fokus.mk значајно место ќе најде и богатата архива на неделникот „Фокус“, чиј заштитен знак беше да биде контра секоја власт, во обид да ја направи поодговорна.
Верувајте дека дури и реобјавените истражувачки стории, анализи, интервјуа и колумни од старите „Фокуси“ ќе ви бидат забавни.
Вести засега ќе нема, но затоа ќе имате ексклузивна можност да прочитате „вести од иднината“.
Неделникот „Фокус“ и натаму останува само во печатена верзија.
П.С. Иако најавивме дека стартот ќе биде точно напладне, доцниме затоа што премиерот по обичај доцнеше на свеченото отворање на порталот.
Јадранка КОСТОВА