Помина една година од бруталната егзекуција на парламентарната демократија во Македонија. Така, со полициско – партиска бруталност беше освоена и последната институција, каде што можеше да се чуе, иако не и да се испочитува, поинаков став од оној на Груевски и неговата дружина во Собранието.
фокус
АРХИВА Дали Срѓан Керим, за да излезе од шишето на Преродбата, го „флашираше“ Дневник?
by Фокусby ФокусДали „преродбата“ на весниците на ВАЦ во Македонија беше мотивирана само од „економски“ причини. Дали Керим е ставен во шишето на Груевски од кое не може лесно да се извлече, или пак газдата куртули, само затоа што го „флашираше“ Дневник?
Кои се анонимните лица, кои под превезот на ВМРО-ДПМНЕ протестираат во името на целиот народ?
by Фокусby ФокусДел од вжештената атмосфера пред Собранието за време на „црниот понеделник“ лани беа и контрапротестантите кои тогаш „спонтано“ се собраа пред зградата на парламентот за да ѝ изразат поддршка на власта при донесувањето на буџетот. Фокус тогаш објасни кои беа тие луѓе и што точно им беше целта.
Замина во легендите Никола Младенов еден од најимпресивните магови на македонското современо новинарство.
Ако се направи проценка на периодот од 1995 година, кога е основан неделникот, до денес, „Фокус“ е медиум кој е несомнено лидер во категоријата истражувачко новинарство. А во новинарството, најтешкиот и највредниот пристап е истражувачкото новинарство. На неговите страници се отворени многу табу-теми и се објавени истражувачки стории за најболните моменти од македонската транзиција, но и од нејзината историја.
Стевчо Јакимовски: Минчо Јорданов мора да биде сервилен кон Груевски, за да си ги оствари личните бизниси!
by Фокусby ФокусЕдно време, Стевчо Јакимовски беше жесток критичар на начинот на кој Минчо Јорданов го тераше својот бизнис и како управуваше со својот медиум, весникот „Нова Македонија“. Еве што тогаш на Јадранка Костова во интервју за „Фокус“ ѝ раскажа Стевчо за транзиционите богаташи, олигарсите на СДСМ, десната буржоазија на ВМРО, лопатарската политика на Груевски…
Акцијата „Ровер“, колку и да е изнасилена, има и два добри моменти. Прво, можело да одговараат и функционери кои не само што правеле криминал, туку и забошотиле одреден криминал, а такви во оваа власт има еден куп. Второ, тоа што специјално за Љубе направија незаконитостите во изборните финансии да застарат дури по 10 години, ги фаќа и нив!
Михајло Маневски треба да каже зошто е заташкан скандалот со Национална Платежна Картичка
by Фокусby ФокусСлаѓана Тасева, неуморен борец против корупцијата во Македонија, во интервју за „Фокус“ проговори за најголемите афери во изминативе години, и објасни зошто мисли дека ниедна власт нема искрена волја да се справи со финансискиот криминал.
На Босанците им прекипе од логиката „или укради од парите донирани од странците или биди гладен!“
by Фокусby ФокусДеновиве во Босна и Херцеговина конечно ескалираше натрупаното незадоволство од корупцијата, непотизмот и партискиот јавашлук и апашлук. За растечкиот гнев кај граѓаните на БиХ посведочи и екипата на „Фокус“ кога пред неколку години направи репортажа од Мостар и Сараево.
Во почетокот на февруари во 1902 година, американската мисионерка Елен Стон била конечно ослободена од заложништвото во која шест месеци ја држеле група македонски револуционери на чело со Јане Сандански. Фокус истражуваше што пишувало во турските официјални документи од тоа време за таа тема.
Во Босна, по декриминализирањето на клеветата и навредата, бројот на тужби се зголеми тројно со барања за милионски отштети, а истото се случува и кај нас сега, па би било добро да се запознаеме со босанското искуство.
Сѐ погласни се шпекулациите дека „бранковистите“ и на овие претседателски избори ќе работат на тоа СДСМ да биде поразен со цел да се убеди членството дека „без Бранко не можеме, без Бранко не смееме“. Непосредно по поразот на СДСМ на претходните претседателски избори, „Фокус“ ја анализираше улогата на Бранко Црвенковски во изборниот дебакл на неговата сопствена партија. Да се потсетиме на таа анализа.
Во интервју за „Фокус“, народниот херој Атанас Забазноски – Руски зборуваше како ја раководел Четвртата управа на Државната Безбедност, и како бил жртвуван за наводни прислушувања на високи македонски функционери.
Секогаш кога Груевци фабрикуваат афера, за да заштитат свој човек заплеткан во неа, спремни се да фризираат дури и официјални документи и така селективно да ѝ ги претставуваат на јавноста. Пред две години Фокус им ја разби шемата обелоденувајќи ги оригиналните документи за една шверцерска афера од „бранковото време“ во која беше вклучен и еден коалиционен партнер на Груевски.
Младен фатен со овоштарник, истрагата ќе утврди дали го прскал со препаратите за корнишони на Заев
by laliby laliДиректорот на “Фокус” Младен Чадиковски, докажан перонаковиста, соросоид и што ли уште не, фатен дека поседува суперелитен…
Груевци немаат милост дури ни кон оние кои само ќе се посомневаат во нивната чесност!
by Фокусby ФокусСекој сомнеж за трошењето на буџетските пари за разно-разни владини кампањи, Груевци го прогласуваат за тешка клевета и навреда. Во еден момент, Груевци дури порачаа, дека кога станува збор за угледот и честа на ВМРО-ДПМНЕ, тие нема да имаат милост!
Пред некој ден, судот го прогласи за виновен Тито Петковски во тужбата за клевета која против него ја поднесе Никола Груевски. А изјавата на Петковски што го надразни Груевски беше предизвикана од спотот што гебелсовски го стокми токму партијата чиј лидер е Груевски!
Храбрите вмровски патриоти упорно бегаат од соочување на суд со наклеветените „предавници и платеници“!
by Фокусby ФокусНеколкуте тужби што ги покренаа наклеветените „предавници“ против „Вечер“, против Зоран Ставрески, Александар Бичиклиски и Малиша Станковиќ, и после неколку години немаат завршница ниту во прв степен, при што некои како Ставрески и Бичиклиски се дури и недостапни за судот.
За да се заштитат честа и угледот на шефот на ДБК, ќе биде казнет секој што јавно ќе го спомне, цитира, или парафразира неговото име.
Сѐ има свој крај, па и недопирливоста на најмоќните политичари и олигарси. Ова е лекцијата што ја научија поранешниот хрватски премиер Иво Санадер и најбогатиот српски тајкун Мирослав Мишковиќ. Тоа би требало да е поучна сторија и за нашите овдешни санадерци и мишковиќи!