Шилегов: Емотивно сум врзан за Вардар

by Fokus

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 говореше за проблемите во кои се наоѓа фудбалскиот клуб Вардар, кој изминатата сезона за првпат во историјата испадна во Втора лига.

„Јас сум емотивно врзан за Вардар. Проблемот е што Вардар во јануари 2014 е продаден и градот ја губи сопственоста. Градот нема никакво влијание. Што ќе правиме со долгот ако го раскинеме договорот со Вардар? Се обидовме да најдеме стратешки партнер за Вардар. Не може така лесно да се решат проблемите. Кога се јавните пари во прашање, тогаш потешко одат работите. Главниот проблем е што во продажбата не била земена никаква банкарска гаранција“, истакна Шилегов.

Поврзани новости