Павиќевиќ: Срамно е да се наплаќаат свидетелства

by Fokus

Сојузот на средношколци бара Државниот просветен инспекторат јавно да ги објави извештаите од направените инспекции во училиштата за кои имаше тврдења дека на учениците им наплаќале пари за свидетелства. Од Сојузот бараат и училиштата да им ги вратат парите на учениците и нагласуваат дека е срамно да се напаќаат сведителства, особено во година која, како што посочуваат, имало неквалитетна онлајн настава. Имаат и забелешки на тоа што Бирото за развој на образованието годинава не ги обезбедило навреме сведителствата за сите ученици.

-Некои училишта прават бизнис од јавното образование кое според законот е бесплатно. Бараме ДПИ јавно да ги објави извештатите за направените инспекции во четирите училишта. Ги поздравивме инпекциите, но, не интересира методологијата на извештаите односно како дошле до овие заклучоци. ДПИ го контактиравме на 14 јуни, а се уште немаме одговор. Затоа сметаме дека извештатите по ова прашање треба да бидат јавни, рече новиот лидер на средношколскиот сојуз Лука Павиќевиќ на денешната прес-конференција што се одржа пред Министерството за образование и наука.

Се надеваме, додаде тој,  дека во следните денови ќе ги добиеме извештаите и на електронската пошта на Сојузот на средношколци.

-Денеска сакаме директно да им се обратиме на четирите училишта. Ние знаеме кои сте, вие самите знаете кои сте. Вратете ги парите кај учениците зошто само така може да го решите овој проблем. Срамно е да се наплаќаат сведителства кога било, но, особено во училишна година целосно одржана преку неквалитетна онлајн настава со професори кои беа слабо обучени или воопшто не беа, истакна тој.

Според Сојузот, сакаат да посочат уште на еден процес, кој, како што рече, не оди во прилог на средношколците.

-Откако им беше одземено задоволството на социјализацијата, сега им се одзема и задоволството да се гордеат со своите успеси преточени во сведителства. БРО од необјасниви причини годинава не го обезбеди сведителствата за сите средношколци на ниво на државата, истакна тој.

Сојузот на средношколци на 12 јуни соопшти дека се повторува проблемот од минатата година  и оти добива поплаки од средношколци од повеќе градови во земјава дека нивните средни училишта наплаќаат такси за издавање свидетелства.

Сојузот бил информиран за ова од средношколци, а информациите му биле потврдени и од мрежата на активисти во тие градови. Сојузот тогаш посочи дека Средното медицинско училиште во Тетово наплаќа меѓу 150-200 денари за свидетелство, додека Економското училиште во Тетово бара износ од 150 денари за издавање на свидетелството и на дипломата за крај на средното образование. Исто така, и скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“ им наплаќа на своите ученици 100 денари за свидетелство, наведува Сојузот, а гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп 30 денари од ученик.

Поврзани новости