Задолжителен услов за навивачите на СП 2022

by Fokus 11:23
11:23

Вакцинација против корона вирус ќе биде задолжителен услов за странските навивачи на Светското првенството фудбал што идната година ќе се одржи во Катар, соопштија денеска организаторите.

Катарскиот премиер шеик Калид бин Калифа бин Абдулазиз АлТани посочи во изјава за локалните медиуми дека оваа заливска држава ќе се обиде да обезбеди еден милион дози вакцини за навивачите, кои сакаат да присуствуваат на Мундијалот.

- Advertisements -

– Катар нема да им дозволи на навивачите да влезат на стадионите без да бидат целосно вакцинирани против вирусот, најави катарскиот премиер.

– Во моментов преговараме со компанија за обезбедување еден милион дози вакцини против коронавирусот за имунизација на луѓето, кои ќе дојдат на завршниот турнир, додаде Ал Тани.

Поврзани новости