Шекеринска: Јас во Вашингтон во еден момент помислив дека немаме амбасадор

by fokus 22:28
22:28

Јас во Вашингтон во еден момент помислив дека немаме амбасадор бидејќи не го видов ниту службено, ниту на почетокот, ниту на крајот на посетата, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во вечерашното гостување на телевизија Телма.

-Сметам дека тоа е скандалозно однесување затоа што на нашиот амбасадор не му пречи секој први во месецот да добива плата од оваа влада. Меѓутоа вие да отспиете посета на Пентагон која не се случила во 6 години, тоа прво зборува за дипломатскиот калибар, но зборува и за неодговорноста кон вршење на функцијата, рече Шекеринска.

Таа додаде дека за ова однесување на амбасадорот ќе го информира и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Поврзани новости