Неофицијални резултати од ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска има 109.692, а Пендаровски 48.553 гласови

by Фокус

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова, води со повеќе од 2:1 пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, брифираат од најголемата опозициска партија.

Според неофицијалните податоци од ВМРО-ДПМНЕ, по обработени 13,44 проценти од избирачите (243.779 од вкупно 1.813.455) односно 30,23 отсто од обработените избирачки места, резултатот е следен:

-Гордана Силјановска – Давкова – 109.692 гласа;

-Стево Пендаровски – 48.553 гласа;

-Бујар Османи – 28.542 гласа;

-Арбен Таравари – 19.227 гласа;

-Максим Димитриевски – 18.432 гласа;

-Билјана Ванковска – 11.033 гласа;

-Стевчо Јакимовски – 2.482 гласа.

Притоа, според ВМРО-ДПМНЕ, имало 5.813 неважечки ливчиња.

 

Поврзани новости