11
ДУИ веќе слави со зурли тапани во Мала Речица победа во албанскиот политички блок на кандидатот на „Европскиот фронт“, Бујар Османи.
Од ДУИ се уште нема информации за партиското пребројување, но официјалните резултати на ДИК, покажуваат предност на Османи пред неговиот противкандидат од албанскиот блок, од опозициската „Вреди“, Арбен Таравари.
Од официјално речиси 60 отсто преброени гласови во ДИК, Бујар Османи има освоено 81.748 од преброените гласови, односно над 15 отсто од преброените гласови, а Арбен Таравари освоил 59.591 глас односно 11,39 отсто од гласовите.
Наскоро се очекува и прес -конференција на Османи.