(Видео) Сирени, петарди и аларми во Неготино, ВМРО – ДПМНЕ слави!

by Fokus

Пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино веќе се слави победата на професорката Гордана Сиљановска Давкова и од сите страни одекнуваат детонации. Петарди, сирена за аларм, како и вклучени аларми на објекти поради гласните пукотници се моменталната слика во центарот на градот.

 

Исто така, голем број на поддржувачи на Давкова со автомобили со вклучени сирени возат низ улиците.

Државната изборна комисија пред малку ги објави првичните неофицијални резултати според кои Давкова досега има 144.937 гласови, а пак зад неа е Стево Пендаровски со 71.181 гласови.

Следува Бујар Османи со 67.592, Арбен Таравари со 49.409, Максим Димитриевски со 30.757, Билјана Ванковска со 17.129 и Стевчо Јакимовски со 3.774 гласови.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости