Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, при гостувањето во емисијата „24 Анализа“ рече дека поседуваат и снимки кои би биле поатрактивни за јавноста, но болни за власта и поради тоа одлучиле да не ги објавуваат.
– Имаме незгодни снимки од секс афери на министри кој можеби би биле и поинтересни за јавноста и ние можевме да кажеме ма пушти ги нека црвенеат, но во ниту еден момент не го направивме тоа. Ни еднаш не ја преминавме таа граница и мислам дека на тој начин покажавме дека овие информации не ни се во раце за да ние ги злоупотребиме, туку за да ја нормализираме состојбата, изјави Шеќеринска.
Таа додаде дека ако сакале, досега можеле да ја злоупотребат целата ситуација, но не го направиле тоа. Според Шеќеринска, СДСМ одлучила да ги објави само оние разговори кои се доказ за некаков тип на криминално однесување, корупција или кривчно дело.