Од Тоше за фановите: Англиска верзија на „Малечка“

by Фокус

На петти октомври, на осмиот по ред настан „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, ќе биде промовирана и англиската верзија на песната „Малечка“, која беше дел од албумот „По тебе“ издаден во 2005 година. Освен англиската верзија, ќе биде промовирана и целосносно нова авторска песна од Тоше на ромски јазик со наслов „Евта пуране иконе“ или во превод седум стари икони.

Целиот настан „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ е во организација на фан клубот на Тоше од Македонија со подрршка од Фондација „Тоше Проески“. Како што велат од фан клубот, овој настан се одржува по желба на Тоше, бидејќи на својот последен концерт на стадионот во Скопје тој  побара од својата публика секој петти октомври да се собираат на хуманиратен концерт.

Тие ги повикикуваат сите оние кои ја сакаат музиката на најпознатиот македонски пејач во понеделник на петти октомври да бидат дел од ѕвезденото небо за Тоше и да ги слушнат „Евта пуране иконе“ и англиската верзија на „Малечка“.

Катерина Смилева

Поврзани новости