„Шејн“: Закуподавецот сам ќе ја отстрани терасата, а нашиот закуп тука ќе заврши!

by Fokus

Локалот кој го споменувате е во сопственост на друга компанија од која ние го ние го изнајмивме со Договор за закуп, без притоа да ни биде посочено дека не смее да се врши продажба на текстил што не доведе до оваа ситуација, реагираат од компанијата „Шејн“

„Нашата компанија и брендот „Шејн“ е странска инвестиција во Македонија, нашите планови се долгорочни а нашите стандарди и вредности по кои се водиме е да се почитува домашната регулатива во целост.

Натписите кои ги прочитавме ги сметаме за тенденциозни и му штетат на угледот на брендот „Шејн“, ние како компанија која се занимава со продажба на текстил неколку пати ја комунициравме општината за решение за ситуацијата во која се најдовме, по што од страна на закуподавецот добивме информација дека сам ќе ја отстрани терасата во средина на јануари а нашиот закуп тука ќе заврши.

Уште еднаш нагласуваме дека „Шејн“ не е сопственик на локалот ниту на терасата и дека без да ни биде посочено во Договорот за закуп од страна на закуподавецот дека не може да се врши нашата дејност.

Сакаме да им се извиниме на нашите потрошувачи и граѓаните за ситуацијата во која се најдовме, но наскоро може да очекуваат дека бутикот „Шејн“ повторно ќе биде достапен во центарот на градот“, додаваат оттаму.

Поврзани новости