Шаќири: Дел од реформата за основно образование е спојување на предмети

by Фокус

Вкупно 15.620 ученици денеска полагаат државна матура, а резултатите за овој испит ќе бидат објавени на 10 јуни од страна на Државниот испитен центар, информира министерот за образование и наука Јетон Шаќири на почетокот на полагањето во СОУ „Ибрахим Темо“ во Струга.

По завршувањето на државната матура, најави дека ресорното Министерство ќе побара од Владата да ги исполни барањата на Унијата на средношколци за упис на универзитетите да се земе предвид еден од екстерните испити или првиот, но да се има предвид и вредноста во процес на упис на учениците во зависност на екстерните и интерни испити.

Според него, со новата концепција за спојување предмети досега немале никакви проблеми во петто одделение и посочи дека проектот ќе продолжи.

-После незадоволството кое го изрази Независниот синдикат можам да кажам дека во анализите на Бирото за развој на образованието што ги имаме направено во споредба на старата и новата концепција ние овој пат со спојување на предмети почнуваме само во шесто одделение. Тоа значи дека со новата концепција досега немавме никакви проблеми во петто одделение и ќе продолжиме. Гарантирам дека нема да имаме никакви проблеми – изјави Шаќири.

Тој смета дека наставниците по географија ќе имаат ист број на часови за шесто одделение како и претходно.

-Новиот концептот за основно образование продолжува и во седмо, осмо и деветто одделение. Како министер побарав од Бирото за развој на образование да симулира распоред на тоа како треба да изгледа пред 1 септември во сите училишта и како тоа треба да изгледа во делот на модулите кои ќе ги предаваат наставниците, во начинот на реализација на настава во три вида на училишта големи, средни и мали. И овие анализи ќе ги презентирам и пак уверувам дека колективно ќе ја донесеме одлуката. Секогаш сме биле отворени за дијалог – појасни министерот за образование.

Тој посочи дека ако анализите за наредната учебна година покажат дека се очекуваат поголеми последици подготвени се и отворени за дискусија и вети оти нема да дозволи последици за наставниот кадар.

Поврзани новости