Селмани: Пописот е само обланда, ова е договор за амнестија и блокирање на разговорите со Софија

by fokus

Новинарот Насер Селмани во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека договорот меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски е најмалку за пописот, туку тука се кријат други тајни договори.

-Практично овој договор е за амнестија. Повторна амнестија на оние кои завршија во затвор под притисок на меѓународната заедница. Јас сум убеден дека во овој пакет покриен со одложување на пописот, во пакет ќе оди и блокирање на разговорите со Софија и Македонија ќе заборави на почнување преговори со ЕУ. Знаете зошто? Зашто ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ нема да сакаат преговори, зашто ако има преговори Македонија мора да се реформира и некои фигури од овие партии ќе мора да си заминат.
Јас ви тврдам дека овие луѓе прават и геостратешко престројување. Во овој момент да му одите на испомош на Вучиќ, тоа е кратковидост. Во овој момент вие примате министер за одбрана на Кина. Нека дојде миистер за здравство. Не е прашањето само околу пописот, тоа е добра обланда да се скријат сите други тајни договори меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, смета Селмани.

Поврзани новости