Селмани: Добро е кога власта се дели

by Фокус

Фингерпринтот донесе нервоза, но ја зголеми веродостојноста и претставува аргумент повеќе за прифаќање на резултатите, смета политичкиот аналитичар Имер Селмани, кој е поранешен пратеник и вицепремиер.

-Очигледно, битката е рамноправна и балансирана. Некаде води СДСМ, некаде ВМРО-ДПМНЕ. На крај ќе имаме балансирани резултати, посебно кога ќе ја видиме големата слика и коалициите СДСМ и ДУИ и ВМРО и Алијанса – рече Селмани на Сител.

Тој додава дека од демократски аспект добро е кога власта се дели и не се концентрира во една политичка стурктура и коалиција.

Поврзани новости