ВМРО-ДПМНЕ прогласува победа во Прилеп и Кавадарци, води во Скопје, Битола, Велес и Штип

by fokus

Од  ВМРО-ДПМНЕ во изјава за „Фокус“ велат дека прогласуваат победа во повеќе општини, за кои велат дека извесно е дека победата ќе биде во прв круг.

Тоа се општините:
Прилеп, Кавадарци, Јегуновце, Могила, Сопиште, Градско, Петровец, Виница, Карбинци, Зрновци, Илинден, Свети Николе, Кратово, Новаци, Босилово.

За повеќе други општини велат дека ВМРО-ДПМНЕ води со голема разлика: Велес, Штип, Охрид, Радовиш, Кисела Вода, Гевгелија, Битола, Аеродром, Ѓорче Петров, Гази Баба, Бутел, како и „солидно водство“ и во Град Скопје.

К.С.Б.

Поврзани новости