Максим Димитриевски најави прослава- водиме убедливо, но ќе има втор круг

by fokus

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски за во 22 часот закажа прослава на плоштадот во Куманово.

Димитриевски за „Фокус“ рече дека според информациите на нивниот штаб, водат убедливо, ќе има втор круг, но вели дека се уште е неизвесно со кого, дали со кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски или со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски.

Од штабовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, засега нема никакви информации за изборните резултати во Куманово. Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи очекува пак победа на СДСМ во Куманово во вториот круг.

Димитриевски се кандидираше како независен кандидат, по што беше исклучен од партијата, а СДСМ за кандидат на Куманово го кандидираше Оливер Илиевски.

Поврзани новости