Села: Срамно, во 21 век се одвива кампања со ветувања за вода за пиење

by Frosina Fakova

Зијадин Села и кандидатите за пратеници во шестата Изборна единица од Коалицијата „Сега е време“, денеска се на средби со граѓаните на Општина Желино.

Пред жителите на Дебрца, носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 6, Зијадин Села зборуваше за проблемите со кои се соочуваат албанските граѓани низ целата земја и го понуди нивното решение, барајќи од граѓаните од оваа област да гласаат на 15 јули за број 5, како единствена алтернатива што носи надеж и „држава за сите“.

– Албанците, денес во 21 век, во 2020 година имаат недостиг на вода за пиење. Ова е сериозно. Срамно е што и денес, 30 години по независноста на Македонија и 18 години од Охридскиот договор, по сите тие изборни циклуси, ние сè уште водиме кампања со ветувања за вода за пиење. Ќе го добиеме тоа што го заслужуваме и зависи од нас, така што на 15 јули да гласаме за промената, да го заокружиме бројот 5, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, да ја направиме државата за сите, рече меѓу другото Зијадин Села од Коалицијата „Сега е време “.

Поврзани новости