Села бара избори во октомври

by fokus

Алијанса за Албанците е за предвремени парламентарни избори во октомври, доколку летово Македонија не ги почне преговорите со ЕУ. Ова го истакна лидерот на паријата, Зијадин Села по денешната седница на Претседателството на партијата.

-Останат е уште еден мал период, а тоа е 22 јуни, кога треба да се одржи Самиот на министрите, а земјите на ЕУ и главното ветување на сите политички партии е интерграцијата во ЕУ односно датум за преговори и одржување на првата Меѓувладина седница меѓу Северна Македонија и ЕУ. Ако тоа не се случи, мислам дека Владата треба да падне и да се оди на избори во октомври, изјави Села.

Тој додаде дека најавата на опозицијата за блокирање на работата на Собранието е легитимно автономно одлучување на секој политички субјект, но потенцира дека и нивната партија како посебен политички субјект бара да се почитува политичкото дејствување. Тие деновиве сакаат да предложат нови закони за усвојување до Собранието.

Поврзани новости