Седум нови случаи на заболени од морбили

by fokus

Министерството за здравство соопшти дека денеска до 13 часот, на Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани седум деца на возраст од две години со симптоми на мали сипаници (морбили). Сите деца се од населбата Ново Лисиче од Скопје и ја посетувале детската градинка „Сонце“. За овие седум пријавени случаи се чека лабораториска потврда.

Инаку, досега се заболени осум деца од оваа градинка, сите невакцинирани со МРП вакцината. Инаку, во групата имало 28 деца сите невакцинирани.

Од 16 декември до денеска вкупно 22 лица биле хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје.

Од нив, 13 лица се уште се хоспитализирани, а девет се веќе пуштени на домашно лекување. Најмладиот пациент е осуммесечно бебе, а најстариот има 33 години од Скопје. Најмногу заболени има во населбата Ново Лисиче (општина Аеродром) – вкупно девет деца.

Поврзани новости