Се запали сауна во хотел во Словенија, шест лица повредени, 100 евакуирани

by Fokus

Шест лица се повредени кога се запали сауна во соба во хотел во Словенија.

Како што пренесува „24.ур“, на местото веднаш пристигнале пет противпожарни возила, а 100 гости на хотелот веднаш биле евакуирани.

Според нив, пожарот избувнал во една од собите на шестиот кат, а надлежните веруваат дека гостите, кои престојувале во собата со сауна, ја вклучиле за да ја користат.

Повредените се пренесени во болница, меѓу нив и неколку работници и сопственикот на хотелот.

 

Поврзани новости