Се урна хеликоптер додека гаснел пожар во Грција

by fokus

Хеликоптер попладнево паднал во Егејското Море додека се борел со шумски пожар на островот Самос, а едно лице е спасено, додека по уште три се трага, јави грчката јавна телевизија Ерт.

„Во тек е спасувачка операција по падот на хеликоптер кој гаснеше шумски пожар во Самос“, изјави претставник на противпожарната служба.

„Едно лице е спасено, а се трага по уште три лица“, изјави претставник на крајбрежната стража.

Во Самос околу 14 часот избувна шумски пожар и беа испратени три хеликоптери и пет авиони да го изгаснат пожарот заедно со педесетина пожарникари.

Поврзани новости