Се скандира Бугари, Татари и фашисти на протестот во Охрид

by Fokus
Неколку стотици луѓе скандираат „Бугари, Татари и фашисти“ пред зградата каде во Охрид свечено треба да биде отворен бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, јави репортерот на БГНЕС.

Кон зградата се фрлаат јајца и камења. Некои од демонстрантите носат плакати со натписи против Бугарија и апели против Европската унија, која ги поддржа „фашистичките барања на Бугарија“.

Протестот официјално го поддржа лично лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој повика на „масовно учество на протестот против отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ Се приклучи и проруската партија„Левица“ на Димитар Апасиев.

Неколку часа пред отворањето на клубот во Охрид, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и член на раководството на оваа партија, Антонио Милошоски, најави дека денеска лично до Народното собрание ќе достави „предлог закон со кој се забранува создавање и регистрација на здруженија кои имаат директна врска со Третиот Рајх и со фашистичкиот режим“.

Поврзани новости