Се разговара за отворање на аеродромите, но рано е за одлука, вели Сугарески

by Frosina Fakova

Се уште е рано да се донесе одлука за отворање на аеродрмите, вели министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

-На оваа тема се разговара, но се уште е рано да се донесе одлука, рече Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на пелагонискиот регион.

Сугарески повтори дека ТАВ, концесионерот на аеродромите во Скопје и во Охрид, информирале дека од моментот кога ќе се донесе одлука за отворање на аеродромите за да ги стават во функција ќе им требаат седум дена.

Со одлука на Владата, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, од 15 март на полноќ е затворен аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а од 18 март на полноќ и Меѓународниот аеродорм Скопје.

Поврзани новости