Апасиев за Димитриевски: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

by Fokus

„Сме си ја ставиле главата во торба кога се спротиставивме на УЧКИ, ДУИ, рекетари, мафијаши. Но ние трчаме маратон, нашата борба е долга. Нашите баби ги даваа своите деца, бидејќи немаа пари. Ги пуштаа да бидат партизани и така изградиле држава. Нема да дозволиме УЧК-ите да ни ја земат” – порача Димитар Апасиев, лидерот на Левица од митинг во Охрид.

„Нашиот народ е борбен народ. Левицата е борбена. Ќе влеземе внатре и тоа ќе го осетат и Таљат, и Таче, и Мицко и сите останати. Со 7, 8, 10 пратеници, ние ќе сме силата што ќе го пасокизира СДС. Вака како што тргнало, со Таче, под 20 ќе паднат” – рече Апасиев.

За ЗНАМ и лидерот на оваа партија – Максим Димитриевски, Апасиев истакна „Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан“!

На митингот во Охрид се обрати и Јована Мојсоска, носител на листа на ИЕ 5 која истакна дека влезот на двајцата пратеници во Собранието покажал како треба да се води вистинска левичарска опција.

„Мене ми е малце дегутантно кога слушам дека некој ќе го праќал ДУИ во опозиција. Тие имаа можност да ги пратат ДУИ во опозиција тука во советите, но сите бевме сведоци како се продаваше Мауцер и како локалниот шериф Нефи Усеини гради дивоградби, а градоначалникот молчи. Дури и ја сруши плочата на АСНОМ за која градоначалникот, исто, мудро молчи. Со Левица на власт ќе ја срушиме дивоградбата на Нефи и ќе ја вратиме плочата на АСНОМ“ – истакна Мојсоска.

Поврзани новости