Провалено во општина Арачиново за време на полициски час

by Frosina Fakova

За време на осумдесетчасовниот полициски час кој важеше и во Арачиново, непознато лице провалило во општина Арачиново. Општинските службеници ќе утврдуваат што е украдено.

Секретарот во општина Арачиново вчера во 08.00 часот, пријавил дека во периодот од 16.00 часот на 04.06.2020 до 08.00 часот на 08.06.2020 непознат сторител извршил тешка кражба во општина Арачиново.

Според пријавеното, сторителот со употреба на сила влегол во општината, а со дополнителен попис од одговорните лица во општината ќе биде утврдено дали нешто е одземено, по што ќе биде утврдена и причинетата материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости