Променливо облачно време, попладне краткотраен пороен дожд

by Fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Во четврток и петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од четврток до сабота ќе биде во постепено опаѓање.

Поврзани новости