Се подготвува рок албум на ,,Чоканче” со нивните први песни

by fokus

На повидок е албум од ,,Чоканче” на кој ќе бидат поставени шест нумери. Информацијата за ,,Фокус” ја потврди Бранко Шпољариќ – Паљач од бендот.

-Тоа се нови снимки на нашите први песни кои датираат од 1985 – 1986 година. Старите демо снимки не се баш квалитетни, па 2014 година, по еден мој престој во Битола почнавме да ги снимаме повторно.
Во поставата сме Бранко Шпољариќ Паљач – вокал, Зоран Илиевски Скроч – соло гитара, Крсте Симоновски Крчо – бас гитара, Беговски Игор Ќебап – ритам гитара и Иле Лулевски – тапани-појаснува музичарот.

Снимани се во студиото на Владко Симоновски, кој е воедно снимател и продуцент на истите. Фотографија на видеото е на Љупчо Машлак.

,,Чоканче” датира на македонската рок сцена од осумдесеттите години на минатиот век. Беа доста активни на сцената во деведесеттите години, а минатата година по подолга пауза ја промовираа новата песна ,,Игра рокендрол цела Македонија”.

Вики Клинчарова

Поврзани новости