392
Судските рочишта за случајот „Диво Насеље“, вооружениот напад што лани се случи во кумановско, кои беа закажани за во вторник и четврток, се одложуваат, информираат од Основниот суд Скопје 1. Според образложението на судот, судењата нема да се одржат поради службено патување на обвинителката Вилма Рускоска.
-Ја информираме јавноста дека главната расправа по овој предмет закажана за 18 – ти и 20 – ти октомври 2016 година се одлага по добиено известие за службено патување на овластениот обвинител од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, информираат од судот.
Од Кривичниот суд додаваат дека судењето за овој случај ќе продолжи на 3 ноември, во големата сала на Врховниот суд.