400
Kомандирот на смена во Казнено-поправната установа Затвор-Штип пријавил дека при претрес на 39-годишно женско лице од Скопје, кое дошло на посета кај осуденик, биле пронајдени две најлонски пакувања со хероин, ставени во кутија од цигари, информираа од МВР.
Лицето било приведено во полициска станица, а пронајдените предмети биле одземени и дадени на вештачење.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.