Зоолошката градина во Скопје доби нов директор: Слоновите пристигаат во август, а другите нови животни во септември

by Fokus

Ѓорѓи Галетановски од денеска станува нов директор на Зоолошката градина во Скопје.

„Чест ми е што градоначалникот и градските власти ми ја доделија оваа функција.
Зоолошката градина е лицето на градот, и јас како вршител на должноста директор ќе работам и ќе дадам се од себе да го подигнеме рејтингот на највисоко ниво за посетителите од целата држава да уживаат кога се овде. Најпрвин ќе работиме на хигиената. Сепак тоа е најважниот дел. Слоновите пристигаат во август, а шимпанзата и другите нови животни ќе ги обезбедиме во септември – тврди Галетановски.

Инаку, тој е дипломиран менаџер по човечки ресурси.

Поврзани новости