Се договориле недоразбирањето да го решат во кафеана, но го претепалe уште пред да влезат во кафаната

by Fokus

Триесет и тригодишен скопјанец бил нападнат и претепан пред кафеана во Лептокарија, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 23.50 часот, А.Н. (33) од Скопје пријавил дека околу 21.20 часот пред кафеана во Трговски центар Лептокарија бил физички нападнат од Г.К. Тие претходно се договориле да се сретнат во кафеаната за да разговараат за недоразбирање кое го имаат. Откако А.Н. пристигнал бил физички нападнат од Г.К. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости